ЖивотИзбор на уредникот

Браќата Михаил и Кристијан кои се преселија да чуваат кокошки во Зрзе, селото не направи подобри личности

Браќата Михаил Шемкоски , дипломиран туризмолог, и Кристијан Шемкоски , режисер/сценарист по професија, поголемиот дел од животот живееле во Сиднеј, Австралија, но во 2016-та се враќаат во Македонија, а од пред извесен период живеаат во селото Зрзе, родниот крај на нивниот дедо.

Тие имаат своја фарма позната на Инстаграм како  фармата Зрзе.

Еве што напишаа на својата Фејсбук страна за тоа како селото влијаело врз нивниот живот.

„Откако сме веќе скоро година ипол преселени во село, приметивме дека селото не подобри на некој начин. Ставаме посвесни за природните ресурси на земјата. Започнавме да штедиме, да не трошиме пари безпотребно на глупости, да јадеме помалку храна и да бидеме сити, да реупотребуваме материјали наместо да ги фрламе, да се движиме почесто и да применуваме одредени физички активности за подобро здравје и сл. Приметивме дека подобро спиеме поради чистиот планински воздух. Дека свеста ни е побистра дека пиеме од планинскиот извор кој веднаш се наоѓа до нашата куќа. Така, изреката “во здраво тело, здрав дух” стана многу појасна и вистински имплементирана во нашето секојдневие.Започнавме да ги цениме луѓето што живеат во нашето опкружување. Да разговараме за едноставните нешта од кои се составени убавите моменти во животот. За тоа колку значи кога ќе си помогнеме еден на друг. И така се во круг. Кога ќе дојдете до одредена зрелост како резултат на вашите минати искуства, сфаќате дека најбитно е да продолжите да се движите напред, без разлика што и да се случи. Никакви депресии, анксиозност и немири не се вселуваат кога во вашите срца тлеат љубов и хармонија. Ширете ја љубовта наоколу, бидејќи така таа ви возвраќа со уште поубави нешта. Затоа денес благословете се себеси и тоа што сте живи. Затоа што животот е убав и вреден за живеење“, напишаа тие.

Поврзани вести

Back to top button