Живот

Додека неговите врсници имаат бурен ноќен живот, тој со своите раце иградил мала фарма

Додека голем дел од неговите врсници забавата ја бара во кафичите и дискотеките, 20-годишниот Дејан Митриќ со своите вредни раце изградил мала фарма во селото Чулиќ, општина Шипово, а планира и да ја прошири. Ова вредно момче, по завршувањето на средното образование, се вратил во Шипово на имотот на неговиот дедо и тука одлучил да живее, а поради љубовта кон селото, ништо не му фали и ништо не му е тешко, па така станува секое утро во 5 за да ги нахрани животните и да спреми околу 50 литри млеко за млекарите.

traktorrr

Според зборовите на неговите родители, уште од мали нозе малиот Дејан го сакал животот на село и покажувал желба за работа со животни, па почетокот на образованието и заминувањето во град го погодило многу.

“Од кога знам за себе цело време одев со дедоми и работев што можев, ништо не ми претставуваше проблем. Како растев купував разни животни, а кога дојде време да одам во град, бев многу тажен”, раскажува Дејан.

Како растел неговата љубов кон животните била се поголема, а веќе во основното училиште знаел дека повторно ќе се врати на село и ќе се посвети на сточарството.

“Никогаш не го сакав градот, едвај чекав да дојде викенд, зимски или летен распуст да одам во село. Понекогаш и сам се прашувам дали е нормлано сите мои врсници да излегуваат во кафичи и дискотеки додека јас незнам сеуште како тие изгледаат. Но таа желба за мене е поголема од се, и среќен сум што мојот дедо ми го овозможил тоа.” раскажува Дејан.

krava.jpg123

Веднаш после матурата и завршувањето на средното училиште тој заминал да живее со својот дедо и вредно почнал да работи на градење на својата фарма.

Прво, како што кажува подигнал кредит и купил трактор, а на фармата моментално има седум крави и бик, три телиња и две прасиња, а наскоро планира да купи и 120 овци.

“Дедоми ми поклони една нива, па цело лето после матурата сечев дрва, по завршувањето на есен тие дрва ги сменив за четири крави. Сега имам седум и произведувам млеко. Се регистрирав како полноправен сопственик а наскоро планирам и да се проширам.”

Да живееш во село е убаво, а оној кој сака да работи може да заработи многу повеќе отколку во град.

“Гарантирам на сите дека е поубаво да се живее во град. Јас со својот пример само можам да кажам дека имам солидни приходи. Мислам дека во сточарството има голем профит, а вложувањето во животните е како да вложуваш во банка.”

Тој неодамна подигнал кредит со кој би купил овци и би плаќал овчар, сака да купи исто така уште десет крави за производство на млеко и уште десет за призводство на месо.

“Во град искрено не планирам да се вратам. Некои ми велат дека тука никогаш нема да се оженам, но имам своја цел па макар и да сум сам. Девојката која ќе ме сака ќе ме сака и тука во село.”

Неговата мајка Милена вели дека уште како мал сакал физичка работа и сакал да живее во село.

“Имаше необична голема желба да работи во село, а сга потполно работи сам. Понекогаш нешто му помагам, одам да му направам нешто за јадење или да исчистам, но воглавно тој сам се прави и чисти и готви и работи”, вели неговата мајка која заедно со нејзиниот сопруг живее во Шипово.

Според нејзините зборови не и било лесно кога се одлучил да се осамостои и да замине во село, но како поминувало времето ја профатиле неговата одлука.

“Не ми беше сеедно кога замина во село, но кога ќе видам какви времиња доаѓаат, како младите денес живеат, што се се случува, среќна сум на некој начин што го одбра селото и здравиот и нормален живот.”

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button