Избор на уредникотМакедонија

До државјанство со платена сметка за вода, струја и без знаење македонски, на Фејсбук се коментира дали може и со платена сметка за тоалетна хартија

Новиот Предлог за државјанство кој денеска треба да се најде пред пратениците предвидува 16 начини барателот да се стекне со државјанство на Македонија, а како доказ за тоа доволен е документ дека граѓанинот завршил школо тука, дека бил на лекар, дека има имот или штедна книшка, дека плаќал – сметки, пишува РСЕ.

Првичниот предлог за државјанство да сведочат тројца сведоци отпаѓа, но затоа платени сметки за струја, вода, греење, телефон ќе бидат доволен услов за добивање државјанство.

Предлог-законот е поднесен од Владата со европско знаменце, што значи дека се скратува рокот во кој треба да биде донесен и се однесува на граѓаните кои се од поранешните југословенски републики кои останале да живеат во Македонија по осамостојувањето и сѐ уште немаат македонско државјанство. Законот го иницираа Алијанса за Албанците и Алетернатива и прво се предвидуваше државјанство да се докажува со тројца сведоци.

Се скратуваат и годините на престој во државата потребни за добивање државјанство од осум на седум. Во претходниот предлог Алијансата и Алтернатива бараа да се скрати на четири години престој.

Исто така, иселеници од Македонија и нивните деца ќе може со природување да се стекнат со македонско државјанство и доколку до поднесувањето на барањето не живееле осум години во земјава, и без да има отпуст од државјанството на друга држава.

Со македонско државјанство ќе може да се стекне и странец кој е во брак со македонски државјанин најмалку три години и во земјава живее најмалку една година, притоа не мора да знае македонски јазик.

Според изјавите на властите, околу 3000 луѓе бараат државјанство, од кои половина не живеат тука. Има и околу 800 граѓани т.н. фантоми, граѓани кои се родиле овде и никогаш не добиле државјанство.

Еден од поинтересните коментари на социјалната мрежа Фејсбук беше и коментарот дали државјанство може да се добие и со платена сметка за тоалетна хартија.

Поврзани вести

Back to top button