Избор на уредникот
ЈАПОНСКИ ОПЕРСКИ ПЕЈАЧ ПЕЕ МАКЕДОНСКИ ПЕСНИ: Котецу по „Македонско девојче“ сега ја пее „Ако умрам ил загинам“ (ВИДЕО)
Македонскиот оперски пејач Благој Нацоски неодамна објави видео од неговиот јапонски колега Казухиро Котецу, која ја пееше позната македонска песна „Македонско девојче“, а сега и „Ако умрам ил загинам“.
Јапонскиот оперски пејач Котецу во видеото што денеска го објавуваме ја пее „Ако умрам ил загинам“ од легендарниот македонски пејач Јонче Христовски.
И претходното видео што го објавивме и новото на Котецу ги споделува и македонскиот тенор Нацоски, кој живее и работи во Италија и е близок пријател на јапонскиот пејач.
Нацоски вели дека Казухиро песните ги снима во Токио и дека себеси се смета за голем пријател на Македонија.