Манчевски: Вработените кои не одеа на работа ќе мора да тргнат или договорите ќе им бидат прекинати
Административците кои се уште седат дома и земаат плата или ќе почнат да работат или ќе им бидат прекинати договорите. Министерот Манчевски во заминување најавува дека новата Влада ќе го реши овој долгогодишен проблем за неколку месеци.
„Согласно со коалицискиот договор за новата Влада е договорен конкретен краток временски период од само неколку месеци во кои би се затворило ова прашање. Сите нераспределни лица да тргнат на работа, а доколку некој одбива тоа да го направи договорите ќе бидат прекинати“, појасни Манчевски.
Според предлогот за состав на новата Влада негов наследник треба да биде Јетон Шаќири, кој е кадар на ДУИ, а министерството за политички систем кое е и најнадлежно за проблемот, на местото на Садула Дураку треба да го води Артан Груби исто од ДУИ.