Ученици намамиле професор да сними голо селфи
Со објавувањето на фотографиите од разголената професорка од Врање, на социјалните мрежи во Србија деновиве протекоа и провокативните фотографии од Јовица Костиќ, професор по уметност во Краљево, пренесува српски „Блиц“.
Како што пренесуваат српските медиуми, професорот од Краљево, чиј прекар е Тандарела, испраќал свои разголени фотографии на непознато женско лице. Меѓутоа професорот Костиќ не знаел дека тоа е лажен профил кој го отвориле неговите ученици.
На фотографиите, кои се прилично експлицитни, професорот се фотографирал гол во огледало, држејќи се за половиот орган, а на друга фотографија тој на гениталиите си закачил кадифено мече.
Во текстуалната порака Костиќ напишал дека е „филозоф по еритокоманија, оргазмолог и психосексолог, но без настрасности и само за взаемно задоволство.”
Српски „Блиц” дознава дека приказната започнала откако професорот, кој држи настава во две средни и едно основно училиште во Краљево, бил намамен од неколку негови ученици кои направиле лажен профил на малолетничка и го поканиле да се допишуваат на социјалните мрежи. Костиќ ја прифатил играта, но тоа што не го знаел е дека никако не смеел да се вклучи во разговор и да разменува фотографии со малолетничка, макар и измислена.
Скандалозно и тоа што фотографиите веќе неколку дена кружат помеѓу учениците во училиштето за шумарство, а за нив дознале и некои професори, но тие досега не реагирале и не го пријавиле случајот до Обвинителството за високотехнолошки криминал
Минатата година во Србија се случи сличен скандал кога на социјалните мрежи се појавија ласцивни фотографии од професорката по музика од Врање, Сузана Алар.