Избор на уредникотМакедонија

„Каури, сфе ви смета“: Кој е главниот во инцидентите во Сингелиќ кого го ослободуваше градоначалникот Борче Георгиевски (ФОТО)

Само неколку часови по инцидентот во Сингелиќ се појавија фотографии од неколкумина од сторителите кои го нарушиле полицискиот час и кои по интервенција на градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски.

Социјалните мрежи се полни со фотографии на извесен Берат како го прекршува полицискиот час и како се фали дека „работи за доброто на граѓаните“.

Од МВР посочуваат дека по лишувањето од слобода на лицата, поголема група граѓани излегле на ул.„Алија Авдовиќ“, во знак на протест.

-По изготвената соодветна документација, лицата се пуштени од полициската станица, а насобраната група граѓани се разотишла. Ќе бидат преземени соодветни мерки и против останатите лица што не го почитуваа ограничувањето на движење, посочуваат од МВР.

ИЗВОР: РЕПУБЛИКА.МК

 

Поврзани вести

Back to top button