Македонија
Пендаровски: Стокови резерви имаме за 4 месеци, границите нема никогаш да бидат затворени за лекови, енергенси и продукти
Претседателот Стево Пендаровски на новинарски прашања одговори дека земјата има доволно енергенси и нема потреба од стравување, како и дека нема да има недостиг на лекови.
– На секоја седница на Влада во изминативе две недели, тие имаат една пред точка во која стои колкави се стоковите резерви. Според последните информации кои ги има, тие се доволни за 4 месеци – рече Пендаровски.
Дали на седницата на Советот на безбедност било разговарано за евентуален недостиг на лекови поради затворање на границите и како ќе се одвива увозот, беше прашан претседателот.
– Нашите граници не се затворени, а и да бидат тотално затворени, дури и во време на војна, тие нема никогаш да бидат за лекови, енергенси и продукти – рече Пендаровски