Македонија

Со мини шенгенот Русија преку Србија доаѓа и седи со скрстени нозе во Тирана

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во изјава за Косовапрес, рече дека иницијативата за балканскиот “мини Шенген“, е скандал за албанскиот политички фактор без разлика каде се наоѓа тој. Според него, преку оваа иницијатива, Србија и овозможува на Русија да се прошири во земјите од регионот, додека Албанците цело време се обидуваа да го отргнат руското влијание во регионот, пренесува Косовапрес.

-Сега, преку оваа регионална иницијатива за мини Шенген, гледам дека не само што Русија не се одалечува, туку преку Србија доаѓа и седи со скрстени нозе во Тирана, во Скопје и во целиот регион. Доаѓа со скрстени нозе преку мини шенгенот и Србија-, изјавил Села.

Села додава дека ставот на косовскиот политички фактор да не земе учество во оваа иницијатива е праведна, бидејќи кај албанците има уште не излечени рани. Овде Села ги споменува изгубените лица од војната во Косово, сексуално малтретирани жени и фактот што Србија не побарала извинување.

-Треба репарација за Косово од страна на српската држава, да се побара извинување и да се признае назависноста на Косово, тогаш може да се седне и да се разговара за регионални иницијативи-, додаде Села.

Поврзани вести

Back to top button