Избор на уредникотСвет

Путин бесен на Бугарите: Лесно можеме вас да ве заобиколиме

Претседателот на Русија, Владимир Путин ја обвини денеска Бугарија дека намерно ја одложува изградбата на рускиот гасовод Турски тек на својата територија и предупреди дека Москва може да најде начини да ја заобиколи Софија ако треба, пренесува Ројтерс.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов негирал било какви намерни одложувања, наведувајчи дека изградбата почнала доцна, пред три месеци – затоа што Софија се придржува на правилата на Европската Унија за јавните набавки, со што обезбедува Брисел да не го блокира тој проект, додава британската агенција.

Говорејчи на заедничката конференција за новинари со претседателот на Србија, Александар Вучиќ во руското летувалиште Сочи на Црно море, Путин рекол дека Бугарија намерно ја одлоѓува реализацијата на Турскиот тек на своето тло.

„Ако бугарското раководство не о сака тоа, ќе најдеме други начини за негова реализација во јужна Европа“, рекол Путин, не елаборирајчи детали.

Борисов по овој повод изјавил на бугарската приватна телевизија БТВ дека неговата влада ја забрзува изградбата на гасовод и го повикува Путин во посета лично да се увери во тоа.

„Секој има право да бара алтернативни правци. ние бараме алтернативна диверзификација. Покрај тоа, политички веројатно не им е драго што Бугарија е така лојална, силна членка на НАТО и ЕУ“, додал бугарскиот премиер.

Поврзани вести

Back to top button