МистерииТоп

Необичен феномен: Нешто чудно се случува со птиците ширум светот

Научниците во Северна Америка открија дека бројот на птици во САД и Канада се намалил за 29 отсто од 1970 година. Тие истакнуваат дека таму денес има 2,9 милијарди птици помалку во однос на периодот од пред 50 години, објави хрватски „Експрес“.

Објавената анализа во списанието „Science“ е досега најопсежниот и најамбициозниот обид да се дознае што се случува со популацијата на птици во Северна Америка. Резултатите ги шокрираа истражувачите и организациите за заштита на животната средина, пишува „Тајмс“.

– Гледаме една криза која е во полн ек – рече Дејвид Јарнолд, претседател и извршен директор на Националното друштво Аудубон.

Експертите веќе подолго време знаат дека некои врсти на птици станале чувствителни на изумирање. Но, новата студија, која се темели на широко истражување со повеќе од 500 врсти, открива големи загуби дури и кај традиционално најбројните птици како што се црвеногушките и врапчињата.

Што ги убива птиците?

Вообичаените врсти на птици се клучни за екосистемите, уништување на штетниците, запрашување на цвеќињата, ширење на семињата и обновување на шумите. Кога овие птици ќе исчезнат, нивните некогашни живеалишта не остануваат исти.

– Луѓето се загрижени кога исчезнуваат орлите и другите познати врсти поради својата симболика и големината, но реално исчезнувањето на врапците има поголемо влијание врз нашата околина, а за тоа не се грижиме – рече Хилари Јанг, биолог на Универзитетот од Калифорнија.

Тим на истражувачи од универзитетот, владини агенции и непрофитни организации соработуваа на новото истражување кое искористи стари и нови методи на броење на птиците.

Во новата студија, истражувачите се обидоа да ја проценат популацијата на сите 529 врсти на птици во периодот од 2006 до 2015 година. Тие процени вклучуваат 76 отсто од сите врсти на птици во САД и Канада, но ја претставуваат и целокупната популација на птици во тој регион. Затоа, истражувачите користеле записи од надгледувањето на птици за да ја проценат популацијата на секоја врста од 1970 година, првата година за која постојат конкретни податоци.

Додека некои врсти растеле, некои опаѓале, и тоа во голем број, констатираат научниците.

Меѓу најтешко погодените групи е врстата црвеноглаво кралче, чија бројка паднала за 617 милиони, додека популацијата на косовите е намалена за 440 милиони примероци.

Слично се случува и во Европа

Експертите се изненадени од интензитетот на намалување на бројката на птици. Европа се соочува со слични загуби на птици, исто така кај вообичаените врсти.

– Новата студија не е замислена за да се утврди зошто птиците исчезнуваат, но резултатите – како и претходните истражувања – упатуваат на некои неверојатни виновници – смета Росенберг.

Научниците веруваат дека бројката на птиците се „десеткувани“ поради губитокот на живеалиштата, што подразбира сушење на мочуриштата, сечење на шумите и слично. Освен тоа, модерното земјоделство и пестицидите го отежнуваат хранењето на птиците.

Прочитајте и… Фармацевтска компанија открила лек кој ја забавува Алцхајмеровата болест

– Птиците со мала телесна тежина не можат долго да летаат, не можат да мигрираат, па умираат – заклучуваат познавачите.

Поврзани вести

Back to top button