Зелка, карфиол, брокула и кељ го спречуваат ракот
Овие зеленчуци не само што се богати со диетални влакна кои го поттикнуваат варењето, туку се и добри извори на фитонутриенти кои можат да го намалат ризикот од карцином…
Истражувачите секојдневно испитуваат различни соединенија во зеленчук и овошје, обидувајќи се да најдат решение за одредени болести. Затоа не е изненадувачки што се спроведоа повеќе студии за зеленчук од зелкастиот вид.
Овие зеленчуци не само што се богати со диетални влакна кои го подобруваат варењето, туку се и добри извори на фитонутриенти кои можат да го намалат ризикот од карцином. На пример, изотиоцијаните, кои се формираат со разложување на глукозинолати кои се наоѓаат во зеленчукот од зелкаст вид, имаат антитуморна активност.
Во неодамнешната студија објавена во „Американски журнал за кинеска медицина“, истражувачите од кинескиот медицински универзитет на Тајван ја испитувале антиканцерогената активност на сулфорафанот, која ја има во изобилство во зеленчукот од зелкаст вид, како брокула, зелка, карфиол и кељ. Откриле дека сулфорафанот е ефикасен агенс против рак кој може да го запре клеточниот циклус и апоптозата на клетките на ракот.
Сулфорафанот влијае на запирањето на растот и ја програмира смртта на клетките на ракот на дебелото црево.
За да утврдат како сулфорафан ќе влијае на овој вид карцином, тие користеле HCT 116, човечка колоректална клеточна линија на карцином, најчесто користена за проучување на механизмите за раст и метастази на туморот. Тие третирале HCT 116 клетки со сулфорафан и го забележале неговиот ефект врз овие клетки.
Истражувачите објавија дека сулфорафанот предизвикува промени во клеточната морфологија и ја намалува виталноста на клетките на HCT 116. Овие морфолошки промени биле снимени со микроскоп со контраст.