На изборите за градоначалник во Пустец каде живеат Македонци упатство за гласање напишано само на албански и бугарски јазик
На вчерашните локални избори во Албанија во општина Пустец каде што доминантно население е македонското упатствата за гласање беа само на албански и бугарски јазик.
Упатство за жал немало на македонски јазик, а парадоксално е тоа што тоа се случува на територијата каде живеат најголем дел Македонци.
Инаку во минатото скандалозна изјава ја брануваше јавноста откако членот на бугарската академија Веселка Тончева во својата книга тврдеше дека Македонците од Голо Брдо, Албанија се Бугари.
Во книгата се опишува дека нивните традиции, говорот, обичаите…сето она што е карактеристично на жителите на Голо Брдо, било бударско.
-Јасно е дека денешна Република Македонија е во процес на формирање на својот национален идентитет и не би можела да признае дека жителите на Голо Брдо се Бугари, бидејќи тоа на одреден начин ќе го дискредитира македонскиот идентитет, вака велеше бугарскиот академик Тончева во 2010 година.
Ваквите тврдења освен што се скандалозни, немаат никаква основа со реалноста, одговори тогашниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко. Ова, вели тој, не е единствениот обид за бугаризирање на македонското малцинство во Албанија.
Инаку Голо Бродо е област во Албанија, каде живеат околу 8.000 Македонци, претежно во услови на сиромаштија.
Извор: kurir.mk