ЖивотИзбор на уредникот

ВИДЕО: Бил бездомник, просел за храна и добивал ќотек, a сега е милионер

Дру Гудал има таква животна приказна што би можело да се сними филм според неа, но она најважното, неговата приказна кренала од дното многумина кои кренале раце од се.
Овој Британец отсекогаш сакал да биде глумец и кога имал 20. години, после школото по глума успеал дури и да дојде до некои помали улоги. Се појавил во филмовите „Snatch” и „About a boy” и запознал големи имиња како Бред Пит и Хју Грант.
Меѓутоа, критиките на сметка на неговата глума потполно го уништиле и му промениел се во животот. Му снемувало пари а не сакал да се врати кај своите родители на кои не сакал да им се жали. Тоа, како што рекол, за него би бил потполн проаз. Така станал бездомник и наредните шест месеци живеел на картонски кутии, во текот на 90. ттите.
Секој ден бил лута борба за опстанок, а за да преживее просел за храна. Повеќе пати сериозно бил претепан од пијаници и други бездомници. Спиел на картонски кутии наспроти лондонската Академија за актерски уметности, а покрај тоа што немал за живот се борел и со депресија.

Сепак, животот му се променил уште еднаш кога на улица почнал да чисти чевли со цел да заработи за залче леб. Се сеќава дека морал да биде посебно внимателен за да полицијата не го фати, се’ додека еден ден еден од неговите редовни муштерии не предложил истата работа да ја врши во неговата канцеларија.
И’, штом Дру се здобил со нешто пари, одлучил да направи „нешто лудо“. Основал своја фирма која ја нарекол „Саншајн шушајн“ (сјај, сонце и полирање чевли).
Денеска соработува со престижни компании ширум Лондон чии директори и менаџери држат до сјајот на своите чевли. Денеска Дру заработува повеќе пд 250.000 фунти годишно, а повеќето свои пари ги дава во добротворни цели. Она на што е посебно горд е тоа што во својата компанија вработува само бездомници и луѓе со посебни потреби.

До сега вработил околу 40. бездомници и им оставил избор да одлучат на кој начин ќе помогнуваат некоја од хуманиатрните акции или организации.
Еден од вработените Алан Волтон има 45. години а од тоа 15. години е без работа. Исто така имал и бројни здравствени проблеми. Како што рекол, Дру му пружил, покрај работата и надеж и самодоверба, така што почнува да ја увидува целта на својот живот и иднина.

Поврзани вести

Back to top button