Македонија
Фото) Фатиме на слава кај Нора, полна куќа за „Св. Јован“
Спцијалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи, вчеравечер беше на слава кај Нора Шаќири и нејзиниот сопруг Марко Марковиќ. „Ние двајца се сакаме и почитуваме, па затоа како и минатите 6 години така и оваа со радост и огромна почит кон неговата религија и славата која ја слави „Св.Јован“ ја отворив вратата за нашите семејства и пријателите“, напиша Нора на социјалните мрежи. Не е тајна дека Нора и Фатиме се дружат одамна, па и во една прилика изјавија дека се блиски како сестри. Нора , која е поранешната ТВ-водителка и новинар, сега е вработена во Министерството за култура. Во брак е со музичарот Марко Марковиќ.
Текстот (Фото) Фатиме на слава кај Нора, полна куќа за „Св. Јован“ е превземен од Reporter.mk.