Македонија

Им пукале од зад грб додека момчињата биле клекнати или во лежечка положба

Четирите момчиња и рибарот на 12 април 2012 година кај Смиљковското Езеро биле убиени од непосредна близина, односно убијците од нив биле оддалечени околу 1,5 метар. Им пукале од зад грб, додека момчињата биле клекнати  или во лежечка положба. Она што со сигурност може да се каже е дека петмината биле убиени на локацијата каде што и беа пронајдени нивните безживотни тела, пишува ФОКУС.

Ова накратко може да се извлече од денешното сведочење на вештаците од Судска медицна, кои на денешното судско рочиште за случајот „Монструм“ детално раскажуваа како настапила смртта кај момчињата и рибарот.

Ова накратко може да се извлече од денешното сведочење на вештаците од Судска медицна, кои на денешното судско рочиште за случајот „Монструм“ детално раскажуваа како настапила смртта кај момчињата и рибарот.

Поради потресните детали, родителите на жртвите не беа присутни во судница, бидејќи како што напоменаа на претходното рочиште не можеле да издржат уште еднаш да слушнат како биле убиени нивните најмили.

Вештакот Златко Јаќовски појасни како бил убиен рибарот Борче Стефковски. Неговото безживотно тело било пронајдено во близина на неговиот автомобил, а во рацете држел клучеви. Тој бил застрелан пет пати, а смртоносен за него бил истрелот што го добил во пределот на главата.

-На хаубата од возилото беше најдено дел од мозочно ткиво, а беше и видливо дека има рана во главата, рече вештакот, кој појасни дека сторителот пукал од зад грб, а притоа имал огненострелни повреди и во пределот на левата тилна регија, во грбот, во градниот кош и десната подлактица.

Филип Славковски бил легнат на стомак, малку на страна, со лесно подвиткани колена. За него смртоносен бил куршумот кој му бил испукан во градниот кош, кој го оштетил срцето.

Александар Наќевски пак бил застрелан со најмногу, дури осум куршуми и тоа додека клечел или бил во свиткана положба, со исправен граден кош. Неговиот другар Кире Тричковски, пак имал три прострелни рани и една устрелна. Во него може да се заклучи дека пукале најмалку двајца, бидејќи една од убијците му пукал во стомакот додека бил свртен со лице кон него, а другите прострелни рани му биле нанесени од зад грб.

Безживотното тело на Цветанчо Ацевски вештаците пак го пронашле во легната состојба. Во него било пукано пет пати, а смртта настапила од повреди во вратот, по што дошло до влегување на крв во белите дробови.

В.В. ЗА ФОКУС

Поврзани вести

Back to top button