Демократската унија за интеграции (ДУИ) денеска го одржа четвртиот конгрес, на кој Али Ахмети беше реизбран за лидер на партијата.
Тој, пак, од говорница им испрати јасни пораки на интегративците и на другите политички партии, пренесе 360.
Освен дека мора да има владеење на правото и проветрување во правосудството, Ахмети рече дека интеграцијата во НАТО и во ЕУ остануваат стратешки приоритети за партијата и дека секој што нема да ги почитува договорите со Грција и со Бугарија, како и Охридскиот договор, не може да смета на ДУИ како партнер.