Македонија

Комити најавуваат дека наскоро ќе почнат со блокади на раскрсници

Навивачката група на најтрофејниот македонски спортски колектив, Вардар, популарните Комити најавуваат дека наскоро ќе почнат со блокади на раскрсници. Во последниот пост објавен на социјалните мрежи со кој го најавуваат традиционалниот турнир во мал фудбал “Во чест на отсутните“ Комити велат дека наместо на игралиштата ќе се одржува на скопските раскрсници.
„ Во однос на изминатите 10 години оваа година турнирот ќе биде од јавен карактер и наместо на познатите локации ќе се одржи на една или повеќе клучни крстосници во нашиот главен град!
Нека надлежните институции по допрен глас бидат известени за нашите намери.
“ – велат Комити.

Ден претходно, Комити исто така преку социјалните мрежи најавија дека ќе организираат протести против како што тие велат, репресиите кои систмеот ги врши врз нив и ударот кој „новиот режим“ и го задава на Македонија.

Поврзани вести

Back to top button