Почина Дејвид Боуви
Легендарниот британски музичар Дејвид Боуви по долга и тешка борба со карциномот почина на 69-годишна возраст.
Боуви беше истакнат музичар, пејач, композитор и актер.
– Денес почина во мир, опкружен со семејството, по храбрата 18 месечна битка со ракот. Иако многу од вас ќе ја поделат оваа загуба со нас, ве молиме да ја почитувате приватноста на семејството за време на тагувањето, стои во соопштението објавено на профилите на социјалните мрежи во сопственост на пејачот.
Музички беше активен цели пет децении, а низ долгата музичка кариера својата препознатливост ја задржа преку промените на музичкиот стил и имиџ, особено во текот на 70-тите години.
Меѓу првите песни со кои се прослави беше синглот „Space Oddity“ од 1969 година.
Имено, деноививе беше промовиран и неговиот најнов албум „Blackstar“, кој критичарите веќе го оценија за најинвентивен досега.