Живот

Прекрасната Ксенија Поповска победничка на детскиот фестивал „Тра-ла-ла“

Гран при наградата на фестивалот “Тра-ла-ла” ја понесе 13 годишната Ксенија Поповска за песната “Имам еден сон”. Покрај оваа награда, синоќа на гала концерт во Центарот за култура во Битола беа доделени  и останатите награди за најдобрите учесници на детските музички фестивали “Тра ла ла кидс” и “Тра ла ла Битола” кои се одржаа на 3 и 4 декември во Битола.

ksenija123

Во рамките на фестивалот “Тра-ла-ла Кидс” првата награда од жирито ја освои Едина Мемиќ со песната”Таен свет”, втората награда и припадна на Александра Дрогришка за песната “Куче не е за во стан”, третата награда ја освои Филип Стојковски за песната “Фудбалер”, додека специјалната награда од директорот на фестивалот ја освои Анастасија Стерјева со песната “Фантазија од бои”.

На “Тра-ла-ла Битола” на првото место според проценката на жирито застана Алексис Докастер со песната”Сакам”, на второ место е Ана Наумова со песната “Нина”, на трето е Елена Мурговска со песната “Само тој ми е симпатија”, а специјалната награда од директорот на фестивалот ја освои Лазар Богојевски за песната”Нинџа”.

Според гласовите на публиката на “Тра-ла-ла кидс” првата награда  и припадна на Маријана Велевска, втората на Јосифа Иваноска, а третата на Дамјан Талевски. На “Тра-ла-ла Битола” прво место според гласовите од публиката освои Теодора Илиевска, второ Вера Тошева, а трето Ева Домазетовска.

Наградата “Боби Коминовски Тра-ла-ла кидс” ја освои Марко Крстевски, наградата “Драган Каранфиловски Бојс Тра-ла-ла Битола” ја освои Давид Смилевски, додека наградата од детското жири ја освои Анета Лавчанска. Награди за најдобар сценски настап освоија Валентина Спасеска и Мартина Силјановска, додека наградите од акредитираните новинари ги понесоа Елена Силјановска и Андреја Сикијовска.

1.Gran-pri-nagrada

На двата фестивали учествуваа 22 млади музички таленти од целата држава на возраст од 6 до 13 години.

,,Традиционално на овие два фестивали талентираните деца го претвораат градот во вистинска престолнина на музиката. Тие преку песна , не само што ги развиваат своите таленти и вештини туку и ги шират вистинските вредности. Како резултат на тоа годинава одбележуваме шеснаесет години “Тра ла ла”, шеснаесет години љубов кон сцената, кон естрадата, музиката. Шеснаесет години низ концертните сали низ целиот свет одекнува “Тра ла ла”, Битола, Македонија. Нема поубаво чувство од тоа.,,-рече на доделувањето на наградите директорот на фестивалот “Тра ла ла” Тони Алексовски, кој е и Директор на регионалниот сојуз на Светската Асоцијација на перформанси и уметности WAPA и член на Светската Асоцијација на фестивали и уметности WAFA.

Извор: TERA.MK

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button