Рејтингот на Зоран Заев пораснал за девет отсто кај народите од Западен Балкан
Рејтингот на македонскиот премиер Зоран Заев во 2018-та пораснал за девет насто во однос на 2017-та кај народите од Западне Балкан, односно кај државјаните на Македонија, Албанија, Србија, БИХ, Косово и Црна Гора, по спроведената анкета што ја објави „Галуп“.
Заев направил едно од најголемите поместувања на својата позиција во однос на лани. Најголем исчекор во популарноста направил бугарскиот премиер Бојко Борисов, откако се бореше за афирмацијата на Западен Балкан додека Бугарија претседателствуваше со ЕУ и сега неговиот рејтинг е највисок откако се удвоил од 22 на 44 отсто.
Тоа придонело Борисов да го турне на второ место неприкосновениот турски владетел Реџеп Таип Ердоган, кој сепак од 33 насто популарноста му се зголемила на 43 %. На третото место е грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој исто така има голем напредок во споредба со лани и од 27 насто го искачува рејтингот на 36 насто.
Претседателката на Србија, Ана Брнабич, исто така има голем раст на рејтингот од 10 насто, а падови се забележани кај Рамуш Харадинај (-15%), Еди Рама (-11%), Денис Звиздиќ (-1%). Душко Марковиќ од Црна Гора има напредок од +6%.
Извор: 24chasa.bg