Македонија

Сведоштво на повреден во протестите: Полицијата ме искрши, а не направив ништо

Александар Вучковски, кој пред две недели бил повреден од полицијата која го прегазила додека ја растерувала толпата што фрлала со тврди предмети кон нив. До Вучковски стоеле и возразни жени и девојки, кои исто така биле удирани со палки, тврди тој. Се снаоѓале како што знаеле за да се извлечат од местото каде што се наоѓале бидејќи чувствувале болки на телото.

-Тргнаа кон нас. Нè прегазија. Тогаш почнаа ударите. Прво ме удрија по дланката со која го држев знамето, потоа се лизнав и паднав па почувствував пет-шест удари по рамена, плешка, ‘рбет, грб и нозе. Успеав да станам на нозе и се тргнав. Се повлеков, во тој момент почувствував многу големи болки. Не можев повеќе да дигнам рака, ниту да го земам телефонот“, сведочи Вучковски за протестот пред две недели во интервју за „Макфакс“.

Поврзани вести

Back to top button