Македонија
Фото: И семејството Груевски го искористи првиот снег за прошетка
Првиот снег кој падна зимава за прошетка го искористи и премиерот Никола Груевски со сопругата Боркица и ќеркичките.
Неделното попладне семејството Груевски како и многу други граѓани го помина во прошетка на градскиот плоштад, каде најмногу на снегот му се радуваа малите Софија и Анастасија.
Радоста за првиот снег ќеркичките на премиерот Груевски ја споделија со останатите деца и заедно на плоштадот „Македонија“ правеа снежни топки и уживаа во долгоочекуваната снежна покривка.