Бизнис

Економист: Во пензија ќе одиме сè постари

„Реалноста не треба да се крие – во пензија ќе одиме се постари“, пишува британскиот магазин The Economist.

Велика Британија и Германија до крајот на 2020 година, ќе ги помести годините за одење во пензија на 67, додека во САД веќе на сила е законот за одење во пензија со 66 години. На “волшебните“ 67 години, според Економист, Американците ќе ја подогнат границата до 2027 година.

Сароста во која работниците можат да добијат цела пензија и старосната граница во која се пензионирани не треба да се совпаѓаат, истакнуваат од Економист. Вработените всушност често завршуваат во пензија иако немаат години, колку што им требаат според официјалните одредби. Некои се постари вработени, други добиваат инвалидски пензии, а трети пак, намалени државни пензиии, според програмите за предвремено пензионирање.

Ова е книга за своето, за моето, за твоето и за нашето. Ова е потсетник за убавината на животот, запис за љубовта и за природата.

– Пари можат да се заштедат со подигање на границата за пензионирање, но поголема ќе биде користа за јавните финансии, ако постарите луѓе работат подолго, бидејќи тоа ќе влијае на зајакнување на БДП и данокот. Тоа може да се реализира со подобрување на здравјето на работниците и промовирање на повеќе флексибилни начини на работа. Сега стапката на вработеност на лицата во доцните шеесетти години е многу ниска, во просек 20 проценти меѓу 34-те членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Во многу земји ќе биде успех да се обезбеди работа до 65 години, сметаат од Економист.

Постои податок дека во последните 10 години растот на вработеноста за оние од 55 до 64 години старост, каде Грција и Португалија се исклучок, вистинската состојба е таква што само 43 отсто од оние од 60 до 64 години се вработени.

Притоа The Economist наведува дека за најниска вработеност во раните шеесетти во еврозоната, не се работи само во јужните земји како Грција и Италија, туку и во северните како што се Франција и Белгија.

Поврзани вести

Back to top button