Свет

Турција веќе страда: Цените паднати за 30 отсто поради руското ембарго

Турските производители на овошје и зеленчук бележат загуба поради ембаргото на увоз кое го воведе Русија, а санкциите предизвикаа пад на цените на домашниот пазар.

turcija

-Оваа сезона беше одлична за производителите на овошје и зеленчук, но тогаш дојде криза. За само два-три дена цените паднаа за 20 до 30 отсто, изјавил претседателот на турската федерација на трговци со овошје и зеленчук, Бурхан Ер.

Тој како пример наведува дека цената на мандарината и доматот на домашниот пазар паднала за третина и додава дека во случај на продолжение на кризата во односите со Русија, се очекува пад на цената и до 50 проценти.

Русија е најголемиот пазар за широк асортиман на турското овошје и зеленчук.

Иако ембаргото на увоз на овошје и зеленчук во Русија од Турција официјално ќе стапи на сила на 1. јануари, турските превозници уште од сега се жалат дека имаат проблеми со цариниците на влезот во Русија.

-Извезуваме голема количина овошје и зеленчук во Русија. Со последните одлуки на Русија, цариниците не дозволуваат робата да влезе во земјата и ги запираат превозниците. Не делува дека проблемот наскоро ќе биде решен, вели претседателот на индустриската и трговската комора на регијата Мугла во југозападна Турција, Булент Каракуш.

Претставникот на производители на овошје и зелечнук, Атабеј Акгун рекол дека регионалната индустрија дневно губи околу 350 илјади долари и додал дека од почетокот на кризата околу 30 камиони секој ден ја возат робата од Турција кон Русија, но дека запирањето на границата со Русија предизвикало голем губиток.

Поврзани вести

Back to top button