ЖивотИзбор на уредникот

Како психотерапевтката Јована Огненовска-Бакаловска го победи ракот со љубов?

Додека правев паузи со хемотерапиите, состојбата инфламаторен карцином, кој беше локализиран во десната дојка, аксилите и пекторалниот мускул, излезе од контрола и метастазираше на коските, вратот, раката, промени во белите дробови. Тоа беше премногу за мене да го прифатам и одлучив да занемарам сѐ и да го лекувам примарниот карцином во дојката. Знаев, длабоко во себе, дека се ќе биде во ред.

Од успешна психотерапевтка, која својата кариера започна да ја гради во Бирмингем, Англија, скопјанката Јована Огненовска-Бакаловска избра својот животен пат да го продолжи со враќање дома, за да се лекува од рак на дојка.

Приказната на Јована е пример дека со љубов и посветеност може да се победат и најголемите болки. По неполни две години лекување, таа е здрава и покрај прогнозите на англиските доктори дека и остануваат уште неколку години живот.

Ме претставија како чудо на медицината

„Мојот почитуван пријател и онколог др. Нино Васев со воодушевување ме презентираше на своите пациенти како „возможно чудо“ на медицината, како некој што успеал да излекува и метастази, што реално и статистички оди многу потешко и трае многу подолго. Но, јас не бев чудо. Кога ќе го совладаш механизмот на исцелување, тој станува наука, а не невозможно чудо.

Поврзани вести

Back to top button