ВИДЕО: Со голи раце на косовските специјалци
Упадот на косовската полиција во Салата ”Митровачки двор” го забележале камерите, а граѓаните со голи раце се обидувале да ги спречат. Момче во сина јакна дури и нападнало полицаец и брутално со тупаница го удрило во глава. Момчето имало кратка размена на удари со полицаецот. Полицаецот не очекувал некој да му се спротивстави.
Полицајците фрлиле солзавец за да ги растераат насобраните пред ”Митровачки двор”, па дошло до туркање и тензии.
Откако влегле во просториите на “Митровачки двор”, полицајците продолжиле со бруталноста. Некои ги дочекале со кренати раце, како показател дека немаат оружје. Им приоѓале на луѓето и ги терале да клекнат на подот.
Оваа акција била забележана од камерите на РТС, а примената на жестоката сила веднаш го обиколила светот.
Марко Џуриќ, директор на Канцеларијата за КиМ бил приведен во бруталната акција на специјалните единици на Косовската полиција, во Косовска Митровица, каде требало да се одржи внатрешен дијалог за јужната српска покраина.
Во Белград се состанал Советот за национална безбедност. Претходно претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одвоено разговарал по телефон со претседателот на Русија, Владимир Путин и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.