Живот

Прочитајте дали млекото за сончање има рок на траење и колку е штетно ако тој истече?

Повеќето козметички производи имаат некаде на пакувањето рок на траење, кој не е тука без причина. Тоа е првата работа која треба да ја проверите. Доколку нема рок на траење, сосема е сигурно дека ќе има некоја сликичка која ќе ви покаже колку долго по неговото отварање е безбедно за користење.

Ако го нема ни тоа, теоретски, млекото за сончање може да преживее две до три години. Но, само под услов да не е изложено на сонце и на високи температури. Што е сосема безначаен податок бидејќи млекото за сончање го носиме на плажа…

Што се случува кога млекото за сончање било изложено на сонце и висока температура додека сте вие на одмор? Накратко кажано, до следната сезона, формулата која ве штити од сонцето ќе се разгради и нема да ви овозможува веќе никаква заштита.

Кога ќе го земете тоа во предвид, јасно ви е дека попаметно ви е да купите поевтин костим за капење, бидејќи навистина не вреди да го ризикувате здравјето за да заштедите некој денар на млекото за сончање.

Штедете на други работи, а не на сопственото здравје.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button