ВИДЕО: Затвор од пеколот – Стражарите не смеат да влезат внатре, редот го одржуваат затворениците!
Затворот е изграден за 800 затвореници, но внатре има повеќе од 2.500 илјади криминалци.
„Penal de Ciudad Barrio“ е затвор во Сан Салвадор, главниот град на Ел Салвадор. Но ова воопшто не наликува на ниту еден друг затвор на светот.
Дизајниран е исклучиво за членовите на бандата MS-13 (Mara Salvatrucha), која е толку опасна и озлогласена по убиствата, тортурите и бруталните одмазди што им е дозволено сами да го водат овој затвор.
Сепак, овој затвор има максимално обезбедување. Изграден е за 800 затвореници, но во него се наоѓаат повеќе од 2.500 криминалци, сите припадници на бандата MS-13.
Затворот се чува однадвор, а внатре нема ниту еден чувар – никој не се ни осмелува да зачекори внатре. Единствениот кој собра храброст да го направи тоа е фотографот Адам Хинтон кој направи прилично неверојатни фотографии од неговата внатрешост.
Затворениците го водат затворот како мал град – имаат своја пекара, работилници во кои градат мебел, а имаат и сопствена болница.
“Поголемиот дел од затворениците се од Бариос. Во Ел Салвадор тоа е место без никаква надеж, опции или можности, така што единствената опција која им преостанува на младите е бандата. Ако властите ги фатат, тие завршуваат во овој затвор и буквално сите забораваат на нив. Секој затвореник таму се чувствува така”, изјавил Хинтон за Independent.
Хинтон во затворот го повикал лидерот на бандата, кој од затвор ги води сите “операции” на својата банда – сѐ што права членовите на слобода, го прават само со неговиот благослов.