19 куршуми за 19 сведоци, и велат се било добро планирано – Што се случувало пред слободата на Харадинај?
Дури 19 сведоци во случајот против Рамуш Харадинај за воени злосторства против Србите на Косово и Метохија се мистериозно убиени пред да влезат во суд да сведочат против косовскиот политичар.
Апелациониот суд во Колмар (Франција), по две одлагања го одби барањето на Србија за испорачување на Рамуш Харадинај. Српското обвинителство го терети Харадинај за броји воени злосторства на Косово и Метохија кон крајот на деведесетите. Злосторствата никогаш не се докажани затоа што сите сведоци се убиени. Дури 19 сведоци против Рамуш Харадинај брутално се убиени со куршум во глава.
По нивните ликвидации, потенцијалните сведоци се откажувале од сведочењето пред Трибуналот, плашејќи се за својот живот. Покрај оние кои требало да се појават пред судот, цел на атентати биле и членови на нивните семејства. Во постапката против Харадинај, обвинителството на Хашкиот трибунал изведе 81 сведок, од кои 34 дадоа исказ како заштитени сведоци. Исто така, издадени се 18 покани со закана за принудно носење пред суд и два налози за приведување на сведоци.
Интересно е што на судењето Харадинај не бараше нитуе еден сведок во своја одбрана. Од почетокот говореше дека тоа нему не му е потребно. Очигледно е дека тогаш веќе били осмислено сценариото за ослободување од оние кои би можеле да му наштетат, па немало потреба од сведоци кои би го бранеле него.
Без сведоци, судот не мпжеше да го прогласи за виновен ЛИСТА НА СИТЕ УБИЕНИ СВЕДОЦИ:
Исмет Мусај убиен во 2001 година. Непосредно пред почетокот на судењето на групата за „Случајот Дукаѓини“ во Приштина.
Садик Муричи заштитен сведок. Убиен во 2002 година од огнено оруже во Пеќ. Весељ Муричи заштитен сведок. Убиен во 2002 година од огнено оруже во Пеќ.
Беким Мустафа и Авни Ељазај убиени во 2002 од огнено оруже.
Смаиљ Харадинај убиен на 17 фебруари 2002 од огнено оружје во заседа на местото Витомирица кај Пеќ.
Тахир Змај, заедно со неговиот син Енис и брат Хасан убиен на 4 јануари 2003 во заседа од огнено оруже во Пеќ.
Илир Сељимај заедно со сопругата на неговиот брат Ферид убиени се во заседа од огнено оружје во Пеќ.
Сабахете Тољај и Исуф Хакљај припадници на КПС, убени во заседа на 24 ноември 2003.
Садик Мусај убиен на 1 фебруари 2005.
Синан Мусај исчезнат од 14 јуни 2005 за време на судирот на Косово и Метохија како припадник на ФАРК.
Џејљан Мусај убиен на 16 јуни 2005 од огнено оруже во заседа кај бензинската пумпа „Молика“ во селото Рашиќ кај Пеќ.
Кујтим Бериша на 17 јули 2007 настрада во Подгорица во сомнителна сообраќајна несреќа.
Сведоците се сметаат за предавници и постои шанса да бидат жртви на одмазда. Може да ја изгубат својата работа и во најлош случај, да бидат убиени се наведува во извештајот на Жан Шарло Гардета, известувач на Советот на Европа од 2011 година.
Иако обвинителството на судот во Хаг во неколку навради се жалеше до Советот за безбедност на Обединетите нации поради проблемите со кои се соочуваат сведоците на Косово, извештајот на Гардета представува прв официјален документ во кој недвосмислено се наведува дека постојат убиени сведоци кои требало да сведочат против Харадинај.
На Косово не постои програма за заштита на сведои, во најсериозните случаи им се дозволува да сведочат анонимно, што е целосно бескорисно оцени тогаш известувачот на Советот на Европа. Еден од сведоците беше удрен од џип, друг е убиен со нож во кафеана, двајца се под неразјаснети околности настрадале во сообраќајни несреќи, возилото е запалено.
Над петмина е извршен атентат со огнено оружје, тројца тогаш беа во програмата за заштита на сведоци. Тоа е голем проблем на Хашкиот трибунал, но, она што е поважно е дека претставува и проблем за меѓународното право рече тогаш обвинителот за воени злосторства, Владимир Вукчевиќ.
Против Рамуш Харадинај во Србија во последната година се поднесени се повеќе од 108 кривични пријави за најстрашни злосторства од тероризам па се до силување и мачење на цивили.