Македонија

Банкарот кој украде околу три милиони евра може да добие најмногу 5 години затвор

На 40-годишниот банкар Б.С., кој е осомничен дека украл околу три милиони евра од „Тутунска банка“, му се заканува затворска казна до пет години затвор. Според соопштението на обвинителството, тој се гони за кривичното дело Затајување, по член 239 став 5, а во врска со ставовите 3 и 1 и со член 45 од Кривичниот законик.

Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.

Ако сторителот на делото од став 1 ќе прибави поголема имотна корист или ќе предизвика поголема имотна штета или потешко ќе ги повреди правата на друг, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

Ако сторителот на делото од став 1 прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години.

Со казна од ставовите 1, 2 и 3 ќе се казни и одговорно лице, одговорно лице во странско правно лице што има претставништво или врши дејност во Република Македонија или лице што врши работи од јавен интерес, ако делото е сторено во вршење на неговото овластување или должност.

Ако делото од ставовите (1) и (4) е сторено при вршење јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот на Република Македонија, од јавните фондови или од други средства на државата, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години.

Останува дилемата дали МВР ќе најде докази за други лица вмешани во ова дело, со што би имало основ да се поднесе пријава за злосторничко здружување, дело за кое следува казна до 15 години затвор.

Поврзани вести

Back to top button