Свет
Џихадистите пратиле дете да ја разнесе ирачката војска: Самоубиствениот појас му го облекол родениот вујко!
Џихадистите во Мосул пратиле дете кое нема повеќе од 6 години, само да лута низ градот, додека не дојде до ирачката армија. Меѓутоа, на детето имало поврзано динамит.
Самоубиствениот појас бил околу телото на детето кога го пронашле специјалци на Ирачката армија.
Детето го забележале семејствата кои бегаат пред интензивните борби помеѓу ИСИС и ирачките сили во северниот дел на Мосул, кој го контролира официјалната армија на Ирак.
Детето не рекло ништо за тоа каде се наоѓа неговото семејство ниту пак го открило своето име, но цело време се допирало по стомакот додека војниците се обидувале да дознаат нешто за него. Ирачките војници еднаш забележеле дека детето има нешто под маицата, за да откријат дека се работи за самоубиствен појас.
Детето, подоцна, им раскажало дека динамитот му го ставил родениот вујко, кој го пратил кон ирачките сили да изврши самоубиство.