Македонија

Kатастрофа: Постара жена во Охрид е убиена во обид да биде ограбена

Постара жена вечерва го загуби животот најверојатно при обид да биде ограбена во својот дом, во зграда на улицата Галичица во Охрид.

Ohrid1 од свои извори во полиција, дознава дека се работи за жена на возраст над 60 години, која била цел на грабеж.

Според првите сознанија, жената пружала отпор, по што била усмртена со ладно оружје, а телото било пронајдено во претсобјето на станот.

Крим техника , екипи на брзата помош и возило на погребален оператор се на лице место пред влезот на зградата каде се случил немилиот настан.

Поврзани вести

Back to top button