Живот

Знаците кои ви ги испраќа телото а не смеете да ги игнорирате

Човечкиот организам е совршено прецизен и прилично чувствителен механизам. Доколку дојде до некое пореметување, телото ќе ви испрати знак дека нешто не е во ред.

На вас останува да обрнете внимание на овие сигнали кои не треба да ги игнорирате бидејќи некогаш укажуваат на сериозно заболување.

Темни подочници
Покрај недоволното спиење, тие можат да бидат предизвикани и од анемија, состојба кога телото не произведува доволно црвени крвни зрнца. Не кревајте паника, но ако сте добро одморени, а темните кругови околу очите не поминуваат, проверете ја крвната слика.

Нејасен вид
Доколку често ви се случува да не препознавате луѓе или не ги гледате јасно сообраќајните знаци на вообичаена далечина, задолжително посетете офтамолог бидејќи можеби ви се потребни наочари

Кркорење во стомакот
Освен како сигнал за глад, кркорењето на цревата во стомакот се јавува и од други причини. Ако ова е секојдневна појава или чувствувате непријатност и болки, време е да отидете на лекар.

Треперење на окото
Ако сте работеле на компјутер подолго време најверојатно ви е потребен одмор и треперењето ќе помине само од себе. Но ако потрае подолго време или се случува често може да биде симптом на некое нервно пореметување или недостаток од витамини и минерали.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button