Избор на уредникотСветТоп

Исламот стана најзастапена религија меѓу учениците во Виена

Во новата учебна 2024/25 година, исламот за првпат ја надмина христијанската вероисповед и стана најзастапена религија меѓу учениците во задолжителните училишта во австриската престолнина.

Според податоците на виенските образовни власти, од околу 112.600 ученици во основните, средните, специјалните и стручно-насочените училишта, 41,2 отсто припаѓаат на исламската вероисповед. Со ова се бележи раст во однос на минатата година, кога процентот изнесувал 39,4 %.

Христијанските деноминации сега сочинуваат 34,5 % од учениците: 17,5 % се римокатолици, 14,5 % православни, а 1,7 % евангелисти. Значаен дел, речиси 23 %, не се изјасниле за припадност кон никаква вера.

Новата статистика предизвика бурни реакции во австриската јавност.

Опозициската партија FPÖ оцени дека Австријците стануваат „странци во сопствената земја“, додека родителските организации предупредуваат на се поголеми образовни предизвици во мултикултурните училници.
Експертите сметаат дека демографските промени во Виена се резултат на долгогодишната миграција и падот на традиционалната католичка припадност.

Извор: The Local Austria

фото: принскрин YouTube

Поврзани вести

Back to top button
Globus 2