Зошто во Европа ќе дојдат уште повеќе муслимани?
Бумот на наталитетот меѓу муслиманската заедница во Европа, демографскиoт пораст во земјите од Блискиот и Средниот Исток, како и еколошкиот фактор сушата, се дел од причините за зголемувањето на муслиманската заедница на стариот континент.
Ова се наведува во анализата на Дмитриј Добров за руското издание inoСМИ.Ru. Добров е историчар и специјалист за меѓународни односи. Сепак станува се посилно расположението меѓу одредени земји во ЕУ да не прифатат бегалци муслимани, а политичката нервоза на германската канцеларка, Ангела Меркел се гледа во повикот членките да покажат одговорноста за мигрантите.
Според информации на германската Влада во 2007 година во цела Европа живееле 53 милиони муслимани.
Според информација на американскиот истражувачки центар PEW во 2010 година најголемите муслимански заедници во Западна Европа се наоѓале во Германија (4,8 милиони луѓе или 5,8% од населението) и во Франција (4,7 милиони луѓе или 7,5% од населението).
Со драстичното темпо расте уделот на муслиманската заедница меѓу населението на Унијата: 4% во 1990 година, 6% во 2010 година и, според прогнозите, 8% до 2030 година. Муслиманите се концентрира во големите градови: во Париз – 1,7 милиони уѓе во Лондон – околу 1 милион. Во Низа градови на Европа нивниот удел од населението е особено висок: Амстердам (14%), Брисел (до 25%), Бирмингем (26,9%), Марсеј (25%), Стокхолм ( 20%), Келн (12%). А некои населби на овие градови, како озлогласениот Моленбек во Брисел или Сен-Дени во Париз, се речиси целосно муслимански.
Зголемувањето на муслиманската заедница во Европа поради високата стапка на наталитет и намалување на домородните европско население води до радикален пад на социо-културниот и етничкиот баланс, а исто така и кон неизбежни тензии.