Живот

Жена (92) побегнала од Домот за стари лица за да биде со љубовникот (87)

Безбедносните служби ја бараат 92-годишната жена за која на крај се покажало дека успеала да побегне од Домот за стари лица за да биде со љубовникот кој има 87 години.

Негователите дошле до сознание дека старата жени отпатувала во Стокхолм за да биде со својот љубовник, а медиумите пишуваат дека двојката била во врска откога старицата се преселила да живее во дом за стари лица во Норвешка.
Од домот велат дека ја разбираат нејзината одлука и дека станува збор за трогателна љубовна приказна.

– На романтичен одмор може да одите и ако имате повеќе од 90 години. Оваа дама не направи ништо погрешно, но не загрижи, бидејќи не ни најави дека ќе замине – изјави управничката на Домот.

Одморот на нивната штитеничка траел 10 дена и потоа таа се вратила во Домот.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button