Мистерии

Зголемен број пријавени случаи на „опседнатост со демони“

Поради зголемен број пријавени случаи на „опседнатост со демони“ во Италија, Ватикан ќе организира обука на свештенството со цел подобро да се подготви за обред на егзорцизам.

– Денес сме во фаза која е клучна во историјата. Многу христијани веќе не веруваат во постоењето на ѓаволот. Има малку егзорцисти, а повеќе нема млади свештеници кои сакаат да го научат тоа, изјави еден учесник во обуката, отец Цезаре Труки.

Курсот за егзорцисти ќе се одржи во Рим од 16 до 21 април. Неговата цел е да понуди размислувања и увид во темата која понекогаш не може да се објасни и е контроверзна, вели егзорцистот од Сицилија, Бенино Палила.

Поврзани вести

Back to top button