Мистерии

Земјата се отворила: На фарма се појавила дупка голема како два фудбалски стадиони

Спектакуларната дупка со должина од два фудбалски терени и длабока како шесткатница, се отворила на фарма во Нов Зеланд.

“AP” пренесува дека на огромната провалија наишол работникот на фармата Колин Тремејн, собирајќи ги пред зората кравите за молзење во близина на градот Ротору на Северниот остров.

Дупката се појавила по неколку дена обилни дождови.

Тремејн за телевизијата “NewsHub” рекол дека не сфатил колку е голема дупката додека не се разденило, и додал дека провалијата настанала бидејќи на тоа подрачје доаѓа до рушење на подземниот варовник.

Се наведува дека новозеландскиот вулканолог Бред Скот за телевизијата изјавил дека дупката е три пати поширока од било која што некогаш ја видел.

Тремејн планирал да постави да постави ограда, за стоката да не паѓа во оваа дупка.

Поврзани вести

Back to top button