Македонија

Заврши четвртиот летен камп по веронаука

Во двата познати македонски големи свештени комплекси, Бигорскиот манастир и неговиот метох, манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица, заврши четвртиот летен камп по веронука.

– Ова беше четврти, од вкупно девет летни кампови по веронаука, колку што ќе се одржат ова лето, вели сестра Харитина додавајќи дека во кампот овојпат биле деца од Битола.

Во претходно одржаните три капма по веронаука, учествуваа повеќе од сто деца, меѓу нив од Струмица, од Радовиш, и од други градови на нашата земја.

Монасите и монахињите посочија дека поминале во најпрекрасна дружба со малите манастирски гости, на кои им ја предавале највозвишената наука за Бога, знаењето за љубовта, верата, надежта, радоста. Исто така децата учествувале и во практични манастирски задолженија.

Поврзани вести

Back to top button