Македонија
Затворени граничните премините Меџитлија и Дојран од грчката страна
На граничните премини Меџитлија и Дојран од грчката страна има целосен прекин на сообраќајот, информираат попладнево од Автомото сојузот на Македонија.
– На граничниот премин Богородица на секои два часа се пропуштаат возила по 15 минути. Прекинот е поради штрајк на Федерацијата на цариници на Грција, велат од АМСМ.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.