29 нови случаи на заразени со короновирис се регирстрани во изминатото деноноќие, соопшти министерството за здравство. Заразени лица има во два нови града во Македонија – Велес и Прилеп.
Најголем број од нив се во Скопје – 20 случаи. По тројца ново заразени има во Куманово и Велес, двајца во Прилеп и еден во Дебар.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот е 177 лица од кои 1 излекуван а двајца пациенти починаа.
Гледано по градови најмногу заразени има во Скопје – 108 лица, потоа е Дебар кадер има 41 заразен но и една жртва, Куманово со 11 заболени и една жртва, во Штип има седуммина заразени, Велес тројца. Во Кавадарци, Прилеп и Охрид има по два регистрирани случаи на коронавирс и еден во Гостивар.