ЖивотИзбор на уредникот

Заради Марија од Русија Таир во Белград стана Владимир!

Двојката се венчала во Руската црква во Белград на Денот на младоста, 25 мај. Тој се вика Таир и по потекло е од Ирак, а таа е дете од мешан брак. Татко ѝ е Србин, а мајка ѝ Русинка. Се запознале случајно во Истанбул, пред пет години. По долгата врска Таир решил да ја смени верата, се разбира заради љубов и од ислам преминал во христијанство.

tair

– Јас сум таков човек и заради љубов сум подготвен на сѐ. Марија многу ја сакам и ѝ ветив дека ќе се венчаме во православна црква кога ги добивме децата – раскажува Таир, возбуден дека и пред Бога ѝ се ветил на Марија.

На денот на венчавката се случила и крштевката на синот Алекса, кој има 10 месеци, а постарата Сандра има 3 години. Изборот на нивните имиња не бил случаен, кога ќе се спојат нивните имиња прават Александра.

Со оглед на тоа дека го прифатил христијанството, Таир морал да го смени и своето име, па сега се вика Владимир, по својот омилен Владимир Путин.

386825-tair-od-irak-zaradi-marija-stana-vladimir
Таир неколку години работел во Дубаи, а сега живее и работи во Србија и е сопственик на фирма која се занимава со увоз. Живее во Борча, а планира да отвори градинка и дом за стари лица.

Со Марија се запознале преку „Фејсбук“ и тоа сосема случајно. Тој барал некој пријател кој загинал во војната, а тоа всушност бил чичкото на Марија. Иако под чудни околности допишувањето им траело дури една година и завршило со запознавање во Истанбул.

386826-tair-od-irak-zaradi-marija-stana-vladimir

– Решив да се запознаеме. Отидов во Истанбул и таму го почекав, и ете, така се случи сѐ  – низ насмевка раскажала Марија, која на 18 години дошла во Белград од Русија за да го најде својот татко.

Погледнете како изгледала нината српска православна свадба:

Поврзани вести

Back to top button