Свет

Започна турската офанзива на Европа – Ердоган повика Турците на Западот да раѓаат по пет деца!

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика Турците кои живеат во Европа намето по три да имаат по пет деца, порачувајќи и на милионската дијаспора дека е „иднината на Европа“, пренесе АФП.

Оваа агенција наведува дека Турција и Европа се во кавга бидејќи Германија и Холандија не им дозволиле на турските министри во тие земји да одржат митинзи за поддршка на проширувањето на претседателските овластувања на Ердоган, за кои државјаните на Турција ќе се изјаснат наредниот месец на референдум.

„Одовде можам да им кажам на моите граѓани, да им кажам на моите браќа и сестри во Европа…Школувајте ги децата во подобри училишта, осигурајте семејствата да ви живеат во подобар крај, возете подобри автомобили, живејте во подобри куќи. Имајте по пет деца, не по три. Вие сте иднината на Европа. Тоа е најдобар одговор на непристојноста која ја покажуваат кон вас, на непријателството, на неправдата“, рекол турскиот претседател.

АФП потсетува дека во Европа се населени околу 2,5 милиони државјани на Турција кои можат да гласаат на референдумот, а покрај нив милиони луѓе кои живеат во ЕУ имаат турски корени,

Ердоган кој има четири деца, претходно ги повика жените во Турција да раѓаат по најмалку три деца како би се зголемила популацијата.

Поврзани вести

Back to top button