Заев: ВМРО-ДПМНЕ се закопа, пушта снимки од разговори од време кога сите знаеа дека предметите на СЈО беа под закана
Заев во интервју за порталот Press24 призна дека гласот што се слуша на снимките е неговиот. Вели дека тие најверојатно се направени во време на преговорите за Законот за јавното обвинителство со осумтемина пратеници кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, токму снимките кои денеска ги објави Милошоски покажувале зошто беше важно да се донесе Законот за јавното обвинителство
„Неовластено снимениот разговор покажува зошто мораше да се донесе Законот за јавно обвинителство – покажува како со него се надминува одлуката на Врховен суд. Со ЗЈО овозможивме сите предмети да добијат правна разрешница врз основа на обезбедените докази. Се зборува дека врховните судии јасно информирале дека ќе ја донесат одлуката што тогаш ја донесоа согласно законот за СЈО каде што е предвидено дека до 30.06.2017 неовластени разговори се докази, а после може да бидат само индиции. Се друго што се слуша во објавеното неовластеното снимање од Милошоски е само аргумент плус преку убедување на соговорниците и потврда, зошто треба да се донесе новиот закон за Јавното обвинителство.
ВМРО-ДПМНЕ се закопа, пушта снимки од разговори од време кога сите знаеа дека предметите на СЈО беа под закана – Милошоски го знае новиот закон, тој, Груевски и Мицкоски знаат дека предметите ќе добијат пресуди врз основа на обезбедените докази. Спасени се доказите, спасени се предметите, само криминалот на ВМРО-ДПМНЕ не е спасен. “ – вели Заев за Press24
Лидерот на СДСМ вели дека е добро граѓаните да слушнат како се ставани и вадени тонски парчиња во како што вели обидот на опозицијата да направи конструкција.
Ова е втор пат пратеникот Милошоски да објавува прислушувани разговори на екс премиерот Заев. Пред распуштањето на Собранието Милошоски од Законодавниот дом пушти разговор кој според него покажува дека Заев знаел како се финансира телевизијата на Боки 13 по што прислушуваните материјали и ги достави на Рускоска.