Заев: Александар Верушевски ме снимал на ручек во Струмица
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање за „бомбите“ што се појавуваа изминатиот период, рече дека оние каде што се слуша тој ги снимил Александар Верушевски, синот на поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски кој е ексдиректор на УБК, сега претседател на партиската комисија на СДСМ за внатрешна безбедност.
„Соговорникот што ме снимал е господинот Александар Верушевски. На ручек е кај мене во Струмица, летото 2016, седиме и ручаме, и видов дека ме снимал. Разговорот јасно покажува кој е. Не беше тоа пред 100 години, беше пред 4 години. Ние сме во добри односи. Секој со својата одговорност, јас сум пријател со сите. Тој така одлучил, така направил. Јас сум многу близок со неговото семејство, ги сакам неговите дечиња, со професорот Верушевски сум пријател, тој е претседател на нашата комисија за внатрешна безбедност, соработувам, беше советник во кабинетот за национална безбедност. Но, еве, така одлучил мојот пријател Александар, така и направил“, изјави Заев.
Станува збор за објавен аудио запис од разговор во 2016 година во кој лидерот на СДСМ зборува за невладините организации.