Свет

За смртта на 13-годишно девојче обвинет мигрант од Сирија

Ибрахим Али, 28-годишен бегалец од Сирија кој добил азил во Канада, бил фатен и обвинет дека ја убил 13-годишната Мариса Шен.

Шен исчезнала на 18. јули минатата година, а нејзиното тело било пронајдено следното утро во Централниот парк во Барнаби, источно од Ванкувер, во покраината Британска Колумбија. Полицијата не открила како е убиена и дали пред тоа била сексуално злоставувана, јавува канадската телевизија CBC.

Азилантот дошол во Канада пред 17 месеци.

Али е фатен во истиот град на 7. септември оваа година, повеќе од една година по убиството. Дошол во Канада како азилант пред 17 месеци, што значи дека го извршил убиството само неколку месеци откако Канада му пружила засолниште од војната. Осомничениот убиец нема ни криминално досие, а полицијата се посомневала на него првите две седмици.

Инспекторите не откриле ни какви траги ги довеле до Али. Само искоментирале дека тоа дошло поради кулминација на многу работи. Не веруваат дека убиецот и убиеното девојче се познавале.

Полицијата не сака да го коментира ни мотивот на убиството.

“И натаму веруваме дека злосторството било случаен чин. Што се однесува до мотивот, не сум во можност да расправам за оваа тема поради заштита на идниот судски процес”, изјавила надзорничката на Интегрираниот истражувачки тим за убиства во Ванкувер, Дона Ричардсон.

Ова инаку била најголема истрага во 15-те години постоење во наведениот полициски сектор. Спроведени биле повеќе од 600 истражувања и прегледани повеќе од илјада часа снимки од надзорните камери.

Шен последен пат била видена жива кога излегла од својот стан во зградата преку патот во паркот, во околу 18 часот попладне, на денот кога била убиена. Снимката од надзорните камери ја снимиле како влегува во ресторанот за брза храна Тим Хортонс, каде останала час и половина. Нејзиното семејство го пријавило исчезнувањето неколку часа подоцна.

“Се надеваме дека правдата ќе биде задоволена и дека Мариса конечно ќе почива во мир во рајот”, изјавило нејзиното семејство.

Ричардсон истакнала дека се надева дека ова нема да поттикне негативна реакција меѓу бегалците.

“Нашите бегалци кои доаѓаат во земјата по правило се внимателни граѓани кои се среќни што се во Канада и се надевам ќе гледаме на овој инцидент како на тоа што навистина е – единствен случај”, рекла таа.

Поврзани вести

Back to top button