Избор на уредникотМакедонија

За фашистички скандирања од типот „За шиптари гасна комора“ и “македонско девојче курва голема“ казни до 30 илјади евра

Порталот „СДК.мк“ објави дека Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари ќе претрпи измени. Спортските клубови ќе го понесат товарот за насилства, при што најавено е драстично зголемување на казните. Ако на еден натпревар има насилство и скандирање на национална основа и ако во тоа учествуваат навивачите и на двете екипи, МВР само на клубовите може да им напише казни до 30.000 евра. (2 пати по 7.000 и два по 8.000 евра).

Како што објави СДК.мк Тука се мисли на националистички испади кои се проблем со години, особено во мак фудбалот како на пример “Македонско девојче, курва голема“, сквернавење на името на Тоше Проески, “Смрт за шиптари“, “За шиптари гасна комора“ и сл.

МВР кој е предлагач на овие измени, нема да ги поштеди ниту федерациите. На пример ако ФФМ во рок од 48 часа пред стартот на мечот не утврди дека ќе се одржи спортски натпревар со зголемен ризик и не ги извести полицијата и спортските клубови како учесници на натпреварот, ќе плати парична казна до 8.000 евра.

Сепак, со предложените измени кои се однесуваат на висината на казните, од 500 на 150 -200 евра, се намалува глобата за поседување или конзумирање на алкохол или опојни дроги, а и на носење оружја со кои може да се нанесат поврдеи.

Поврзани вести

Back to top button