Избор на уредникотСвет
За борба против комарците Загреб ќе увезе 100.000 стерилни комарци
Како дополнителна мерка во борбата против комарците, Градот Загреб наскоро за прв пат ќе пушти 100.000 стерилни мажјаци, увезени од Италија. Градот Загреб годинава одвои 384.000 евра за борба против комарците.
– Што значи дека ако се побројни, тие ќе ги оплодат женките, кои потоа ќе произведат јајца кои нема да доведат до потомство и на овој начин биолошки би го намалиле бројот на тигрести комарци присутни во една област, вели Ана Клобучар од Заводот за јавно здравство, пренесе Индекс.хр
Градот Загреб годинава одвои 384.000 евра за борба против комарците. Дел од овие средства се наменети и за едукација на граѓаните.