Вторник неработен ден – Уште пет неработни денови до крајот на годината
Следен неработен ден е 02 август (вторник), Ден на Републиката кој е национален празник,а исто така и голем верски празник—Илинден и е неработен за сите граѓани во Македонија.
А во продолжение погледнете кои ќе бидат неработни денови во 2016 година:
За сите граѓани на РМ:
• 8 септември (четврток), Ден на независноста
• 11 октомври (вторник), Ден на народното востание,
• 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден
• 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”
За граѓаните од православна вероисповед
• 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед:
• 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци
• 25 декември (недела), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед:
• 12 септември (понеделник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
• 08 април (петок), Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 12 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик